Артисофт е водечката македонска ИТ компанија која развива и имплементира  интегрирани информациони системи базирани на интернет технологија. Искуството и експертизата на тимот кој работи во Артисофт се  гаранција за успешно решавање на комплексните бизнис потреби, а со тоа, создавање и доставување на  ИТ решенија чија цел е подобрување на позицијата на нашите клиенти на пазарот, како и постигнување на позитивен ROI (повраток на инвестицијата) на истите.

 

       Артисофт е наградуван со најважните ИТ награди за своите ЕRP  и e-business решенија.  Со овие награди се докажува фактот дека:

o        нашите производи имаат реална вредност и полезност при работењето со нив,

o        функционалноста и иновациите вградени во производите на Артисофт се секогаш на

     завидно ниво во однос на останатата конкуренција,

o        Производите на Артисофт се според светските стандарди за квалитет: ISO и CMMI.

 

       Артисофт постојано цели кон создавање на поголема доверба кај своите клиенти, за што говорат и основните вредности на компанијата: Лојалност, Професионалност, Иновативност и Прецизност во работењето.